My Portal > МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ 26-27.09.2017Printer Friendly

ENGLISH

Со особено задоволство би сакале да ви го најавиме одржувањето на два претстојни настани кои ќе се одржат во рамки на

 

МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ
26-27.09.2017

хотел „Александар Палас“ – Скопје

 

ФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот

26 Септември 2017 (вторник)


Форумот се организира од страна на МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во кој МАСИТ е партнер заедно со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо – Западна Македонија и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал. Целта на проектот е да им помогне на микро, малите и средни компании да бидат подобро усогласени со законската регулатива а воедно да им помогне и на бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог со надлежните институции во насока на подобрување на регулативата.

Целта на форумот е да се обработат и дискутираат теми поврзани со регулативата на работните односи а кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот, односно:

  • Регулирање на работните односи во ИКТ секторот (флексибилност на работно време, прекувремена работа, работа од дома, пракси) – Г-дин Јован Најденовски, Правен консултант
  • Плати и надоместоци од работен однос (плаќање на работата, прекувремени часови, работа на празник, распоред на работно време и различните временски зони, надоместоци на трошоци за службен пат, подолг престој во странство, дополнителни исплати/подароци/стимулации/награди на вработените) – Г-ѓа Маријана Андриќ, Финансиски и даночен консултант
  • ИКТ и пазарот на труд: Успешни примери и искуства од регионот (меѓународни регулативи и примери, кодекс за работа на ИКТ работни места, даноци за работни места и работа со ИКТ, ИКТ бизнис асоцијации, деловно опкружување и застапување) – Проф. д-р Krassen Stanchev, Експерт од Бугарија
  • ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА со учесниците на настанот во рамки на кои покрај експертите ќе бидат поканети да земат учество и претставници од Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Министерство за информатичко општество и администрација, Државен инспекторат за труд, претставници од ИКТ приватниот сектор, претставници од факултетите кои образуваат ИКТ кадри и претставници од интернационални организации кои имаат активности во оваа област.

Врз основа на презентациите и дискусиите завреме на Форумот, во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива соодветно ќе бидат подготвени и формулирани конкретни барања и предлози за измени и дополнувања на законските одредби од областа на работните односи и заеднички со партнерите во проектот истите ќе бидат соодветно адресирани до надлежните институции. Учесниците на форумот ќе имаат можност активно да учествуваат во дискусијата со поставување на конкретни прашања, предлози и споделување на свои искуства кои ќе бидат земени во предвид при формулирањето на предлозите.  


ПОКАНА


АГЕНДА

 

РЕГИСТРАЦИСКА ФОРМА - Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација и е отворено за претставници од ИКТ компаниите, институции и организации.

 

КОНФЕРЕНЦИЈА за иновативни ИКТ решенија и трендови

27 Септември 2017 (среда)

 

Оваа конференција е организирана од МАСИТ како главен организатор во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“. Конференцијата воедно е поддржана од страна на Министерството за економија преку проект од Програмата за поддршка и развој на кластерско здружување.

Конференцијата има за цел да опфати и дискутира теми и прашања од областа на ИКТ иновациите поврзани со:

  • Како компаниите, науката, и државата ефикасно да соработуваат со цел да го подигнат нивото на иновативност во македонските ИКТ компании? (воведна дискусија)  
  • Претставување на иницијативи за поттикнување и поддршка на иновативноста на мали и средни претпријатија
  • Презентации на искуства од други држави во делот на поддршка и поттикнување на иновативноста
  • Искуства од домашните ИКТ компании преку претставување на иновативни решенија, проекти, методологии и трендови

АГЕНДА

 

РЕГИСТРАЦИСКА ФОРМА - Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација и е отворено за претставници од ИКТ компаниите и други сектори, институции и организации.

 

МОЖНОСТИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И СПОНЗОРСКИ ПАКЕТИ - Доколку сакате да го презентирате вашето решение или успешна приказна информирајте се за можностите за спонзорство и презентација.

 

Погледнете дел од атмосферата на минатогодишната конференција на МАСИТ – ИКТ во агробизнис

ФОРУМ 26.09.2017

ОРГАНИЗАТОР

 

ПАРТНЕРИ




КОНФЕРЕНЦИЈА 27.09.2017

ОРГАНИЗАТОР

ПАРТНЕР

СПОНЗОРИ






ПОДДРЖУВАЧ

 

 



Copyright © 2017. All Rights Reserved