My Portal > Одржан Форум за регулатива на работни односи и пазарот на труд во ИКТ секторот 26.09.2017Printer Friendly


Одржан ФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот

26 Септември 2017 (вторник)

 

На 26ти септември 2017 година МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива го организираше Форумот на тема регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот. Целта на овој настан беше да ги претстави главните предизвици во областа на работните односи кои се специфични за ИКТ секторот во Македонија.

"ИКТ индустријата е еден од најбрзо растечките економски сектори во Македонија. Има огромен потенцијал за вработување и извоз и обезбедува можности за вработување со плати што се двојно повеќе од просекот во Македонија. ИКТ е исто така важен извор на вработување на високо образовани млади", изјави г-дин David Atteberry, директор на мисијата на УСАИД Македонија во својот говор.

 

Во своето обраќање Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска истакна дека е исклучителна важна соработката помеѓу коморите и министерството, со цел зголемување на ваботливоста, а со тоа да се допринесе за раст и развој на бизнисите и економијата на ниво на целата држава.

Законот за работни односи е во процес на менување и токму вакви настани и анализи ќе дадат голем придонес за реални согледувања за промените кои треба да се направат во новиот закон. Законот може да биде совршено напишан но доколку ставот на бизнис заедницатане не вклучен во промените кои треба да следат тогаш имплементацијата на одредени законски решенија може да биде неуспешна.  За таа цел соработката помеѓу министерството, коморите и бизнис заедницата е од клучно значење додаде Царовска.

 

 

"МАСИТ како глас и ресурс на ИКТ секторот во Македонија активно се занимава со сите прашања и предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите во нивните секојдневни бизниси. Овој настан е организиран како одговор на потребите на компаниите за понатамошно подобрување на регулирањето на работните односи со цел да го поддржи растот на нивниот бизнис", изјави г-ѓа Анета Антова Пешевазаменик-претседател на Управниот одбор на МАСИТ.

 

Во анкета направена во месец септември со поголем број на деловни субјекти, а спроведена од страна на сите партнери во Проектот-првичните резултати укажуваат дека 76% од анкетираните фирми сметаат дека не биле консултирани во процесот на носење на законската регулатива. Како дополнување на ова, на анкета со граѓанските организации спороведена од  Епицентар во месец август, повеќе од 64% од анкетираните организации изјавија дека никогаш не биле вклучени во процесот на носење на законската регулатива. Ова несомнено укажува на потребата за подобрување на процесот на Јавно приватен дијалог, што е и една од клучните цели на проектот - Партнерство за подобра бизнис регулатива, истакна Љубомир Димовски, шеф на проект на УСАИД-Партнерство за подобра бизнис регулатива.

 

Целта на конференцијата беше да одговори на тековните предизвици поврзани со регулирањето на работните односи кои се специфични за ИКТ секторот, и во рамки на истата од страна на експертите беа обработени неколку теми:

  • Регулирање на работните односи во ИКТ секторот (флексибилност на работно време, прекувремена работа, работа од дома, пракси) – Г-дин Јован Најденовски, Правен консултант
  • Плати и надоместоци од работен однос (плаќање на работата, прекувремени часови, работа на празник, распоред на работно време и различните временски зони, надоместоци на трошоци за службен пат, подолг престој во странство, дополнителни исплати/подароци/стимулации/награди на вработените) – Г-ѓа Маријана Андриќ, Финансиски и даночен консултант
  • ИКТ и пазарот на труд: Успешни примери и искуства од регионот (меѓународни регулативи и примери, кодекс за работа на ИКТ работни места, даноци за работни места и работа со ИКТ, ИКТ бизнис асоцијации, деловно опкружување и застапување) – Проф. д-р Krassen Stanchev, Експерт од Бугарија
  • ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА со учесниците на настанот во рамки на кои покрај експертите учество земаа и претставници од Министерство за труд и социјална политика, Државен инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за финансии.

 

   

 

Во наредниот период,Проектот ќе работи на понатамошна обработка и решавање на прашањата кои беа дискутирани на овој настан, а во исто време Проектот ќе работи на конструктивни решенија предложени како резултат на механизмите за јавно-приватен дијалог поддржани преку Проектот - Партнерство за подобра бизнис регулатива. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и трите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија; Стопанската комора за ИКТ - МАСИТ и Стопанската комора на северо-западна Македонија. Преку активно учество во спроведувањето на овој проект, коморите ќе го градат својот капацитет за подобро да им служат на МСП.

 

ФОТОГРАФИИ

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА


ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ

Листата на учесници можете да ја преземете ТУКА


 

АГЕНДА И ПРЕЗЕНТАЦИИ

(Презентациите можете да ги преземете преку линк нa насловот на секоја презентацијата во агендата подолу)


ENGLISH AGENDA

АГЕНДА

ФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот

26 Септември 2017 (вторник), хотел Александар Палас, сала К3

10:30 – 11:00

Регистрација

11:00 – 11:30

Официјално отворање

  • Г-дин David Atteberry, директор на мисијата на УСАИД Македонија
  • Г-ѓа Мила Царовска, министер за труд и социјална политика
  • Г-дин Љубомир Димовски, шеф на Проект на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива
  • Г-ѓа Анета Антова Пешева, заменик претседател на Управен одбор на МАСИТ    


11:30 – 12:00

Анализа на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат ИКТ компаниите во однос на Законот за работни односи

Г-дин Јован Најденовски, Правен консултант

  • Презентација на постојно законско решение
  • Перципирање на законско решение кај бизнис заедницата
  • Проблеми и недоразбирања, несоодветност на законското решение
  • Барање на бизнис заедницата
  • Можни решенија
  • Начин на постигнување на промените

 

12:00 – 12:30

Плаќање на работата и трошоците од работен однос во РМ и потреби од прилагодување на постоечката регулатива со современите трендови во ИТ индустријата

Г-ѓа Маријана Андриќ, Финансиски и даночен консултант

  • Исплата на бруто плата (пропишани максимални и минимални основици)
  • Специфичности при вреднување на работа на празник, прекувремена работа, ноќна работа во ИТ индустријата
  • Постоечка регулатива за дефинирање на надоместоците од работен однос:  регрес, новогодишен надоместок, надоместоци за службени патувања, подолг престој на ИТ кадри во странство и сл.
  • Можности за подароци/стимулации/награди на вработените (финансиски и нефинансиски) и нивна дефиниција во постоечката даночна регулатива
  • Плаќање на пробна работа, надоместоци за практиканти

 

12:30 – 13:00

ИКТ и пазарот на труд: Успешни приказни и искуства од регионот

Проф. д-р Krassen Stanchev, Професор и консултант од Бугарија

  • Теоријата и меѓународни регулативи (примери од САД, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Светска банка)
  • Различни групи и регулативи во нова Европа: Естонија, Чешка, Романија и Бугарија
  • Вообичаен контекст на Кодексот за работа на ИКТ работни места, перспектива на ЕУ
  • Даноци за работни места и работа со ИКТ, елементи на неформалност
  • ИКТ влијание врз пазарите на труд
  • Финансирање на ИКТ: импликации за договори за работа
  • Иновации во пракса и право
  • ИКТ бизнис асоцијации, деловно опкружување и застапување

 

13:00 – 13:30

Кафе пауза

 

13:30 – 15:30

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА - Регулатива на работните односи и пазарот на труд во рамки на ИКТ секторот

Учесници:

  • Г-ѓа Маријана Андриќ, Финансиски и даночен консултант (модератор)
  • Г-дин Јован Најденовски, Правен консултант
  • Г-дин Krassen Stanchev, Професор и експерт од Бугарија
  • Г-дин Миле Стојановски, Министерство за труд и социјална политика
  • Г-дин Злате Стојановски, Државен инспекторат за труд
  • Г-ѓа Ивана Дончевска, Управа за јавни приходи
  • Г-дин Дејан Николовски, Министерство за финансии
  • Г-дин Ален Калач, Министерство за финансии

Дискусија / прашања и одговори

 

15:30

Ручек

 

 

ОРГАНИЗАТОР

 

ПАРТНЕРИ



 



ФОРУМ 26.09.2017

ОРГАНИЗАТОР

 

ПАРТНЕРИ




КОНФЕРЕНЦИЈА 27.09.2017

ОРГАНИЗАТОР

ПАРТНЕР

СПОНЗОРИ






ПОДДРЖУВАЧ

 

 



Copyright © 2017. All Rights Reserved