My Portal > Одржана Конференција на МАСИТ за иновативни ИКТ решенија и трендови 27.09.2017Printer Friendly

 

Одржана Конференција на МАСИТ за иновативни ИКТ решенија и трендови

Среда, 27.09.2017

 

 

Во рамки на МАСИТ ИКТ денови, најголемиот ИТ настан во државава,  денес (27.09) во Скопје се одржa Конференција за иновативни ИКТ решенија и трендови, на која се дискутираше на повеќе актуелни теми и прашања од областа на ИКТ иновациите во функција на подобар бизнис, живот и развој. На конференцијата која е поделена на мултидисциплинарни три дела,  беше посветено големо внимание на подигнувањето на нивото на иновативноста на домашните ИКТ компании и на кои начини да дојде до подобра соработка помеѓу науката, компаниите и државата за постигнување на таа цел. Домашните компании добија можност да ги презентираат своите иновативни решенија, најдобри практики и трендови на домашниот пазар, а странски и домашни експерти пред присутните споделуваат успешни примери и можности за поддршка на ИКТ иновации во земјата и странство.  

 

Конференцијата е одлична прилика да се претстават и дискутираат мерките со кои може да се унапредат условите за развој на ИКТ компаниите во земјата и верувам ќе допринесе за зголемување на ангажманот на македонската ИКТ индустрија. Од денешните дискусии може да се заклучи дека очигледна е потребата и желбата на ИКТ компаниите за воведување на иновации и следење на светските трендови, но она што е најважно е фактот дека е потребна покоординирана соработка помеѓу сите чинители и зголемувањето на ефикасноста во остварување на оваа цел.  МАСИТ како стопанска комора за информатички и комуникациски технологии постојано ги следи темите кои се од интерес и значење за нашите компании членки и во наредниот период ќе вложиме уште поголеми напори за продлабочување на соработката помеѓу МАСИТ и ИКТ компаниите со државните органи и образовните институции со цел реализација на конкретни активности и мерки за поттикнување и поддршка на иновативноста на ИКТ компаниите.“, вели Драган Чепујноски, Претседател на Собранието на МАСИТ.

 

 

 

Во првиот дел од конференцијата  обраќање имаше и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски кој во своето излагање истакна дека само со меѓусебна соработка на факултетите, индустријата и државата може да се создадат конкретни мерки  за да имаме поголем бенефит од инвестиции во технологиите.

Основниот чекор треба да го направи државата, да мотивира што поголем број на луѓе да ја бараат својата егзистенција во ИТ индустријата. Оваа индустрија  е еден од клучните механизми за да ги  мотивираме младите луѓе да останат во Македонија,  да студираат тука , да дојдат лесно до вработување и да имаат повисок животен стандарт. Во наредниот период ќе се обидеме да направиме координирана стратегија како да го постигнеме тоа . Во текот на следната година не очекува и отворањето на технолошки парк во земјата, додаде Манчевски.

 

Помошник директорот на Секторот за политики за млади од Северна Ирска, Мајкл Голд даде голема поддршка на настанот и МАСИТ и нагласи дека само со соработка на Владата, Универзитетите и компаниите ќе може да се постигне голем напредок во унапредување на ИКТ индустријата во земјата и дека токму со таква соработка Северна Ирска успеа да ја развие оваа индустрија.

 

Конференцијата беше организирана од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“.  Главна цел на проектот е зајакнување на институционалните капацитети на високообразовните институции  и зајакнување на  нивната соработка со приватниот сектор.

На настанот учествуваат голем број на претставници од ИКТ компаниите, државните институции, технолошките факултети, странски и домашни експерти. Главен заклучок од конференцијата е дека токму мултидисциплинарната соработка на академијата, бизнисот и владиниот сектор, во правец на поддршка на изнаоѓање и примена на иновации и технологии ќе предизвика забрзан раст  на ИКТ секторот.

 

ФОТОГРАФИИ

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА


ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ

Листата на учесници можете да ја преземете ТУКА


 

АГЕНДА И ПРЕЗЕНТАЦИИ

(Презентациите можете да ги преземете преку линк нa насловот на секоја презентацијата во агендата подолу)

 

 

АГЕНДА

КОНФЕРЕНЦИЈА за иновативни ИКТ решенија и трендови

27 Септември 2017 (среда), хотел Александар Палас, Скопје, сала К3

10:30 - 11:00

Регистрација

11:00 - 12:30

Отворање и воведна дискусија: Како компаниите, образованието и државата да соработуваат со цел да ја поддржат иновативноста во македонските ИКТ компании?

  • Г-дин Илија Господинов, член на Управен одбор на МАСИТ (модератор)
  • Г-дин Драган Чепујноски, претседател на Собрание на МАСИТ
  • Г-дин Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација
  • Г-дин Michael Gould, помошник директор на Секторот за политики за млади, Северна Ирска
  • Г-дин Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развоj
  • Проф. д-р Боро Јакимовски, продекан на Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ)
  • Проф. д-р Димитар Ташковски, декан на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
  • Г-дин Горан Кубелка, Технички директор, Неоком

12:30 - 13:00

Кафе пауза и изјави за медиуми

13:00 - 15:00

Иновативни ИКТ решенија, трендови и најдобри практики

15:00 – 15:30

Кафе пауза

15:30 – 16:30

Успешни примери и можности за поддршка на ИКТ иновации во земјата и странство

16:30 – 17:30

Ручек

19:00

Вечера

Сите гости беа поканети да присуствуваат на прославата по повод одбележувањето на Светскиот ден на туризмот која се одржа во дворот на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје (Бул. Партизански одреди бр. 99 - карши Лептокарија)

https://www.utms.edu.mk/vesti-za-utms/item/5750-na-utms-kje-se-odbelezhi-svetskiot-den-na-turizmot

 

ОРГАНИЗАТОР

ПАРТНЕР

СПОНЗОРИ






ПОДДРЖУВАЧ

 

 

ФОРУМ 26.09.2017

ОРГАНИЗАТОР

 

ПАРТНЕРИ




КОНФЕРЕНЦИЈА 27.09.2017

ОРГАНИЗАТОР

ПАРТНЕР

СПОНЗОРИ






ПОДДРЖУВАЧ

 

 



Copyright © 2017. All Rights Reserved