Маријана Андриќ, Финансиски и даночен консултант

Маријана Андриќ е менаџер на Маранд Консултанти и експерт од областа на даночното советување. По образование економист, продолжувајќи со постдипломски студии по Деловно право на Правниот фактултет.

Нејзината експертиза е тесно поврзана со деловните финанси  од аспект на сметководството, даноците, финансиските известувања. Пресметка на плати за клиентите од најразлични индустрии и интернационални компании  претставува се позастапена услуга во портфолиото на Маранд Консултанти. Од таму и неопходноста за детални истражувања на постоечката  регулатива како и компаративна анализа на оваа проблематика со земјите од каде доаѓаат инвеститорите.

Од 2011 година, предавач е на Академијата за човечки ресурси, модул: “Плати, наградување и финансиски аспекти” во организација на тренинг центарот CLEAR VIEW.